Девојката на која и беше ампутирана ногата се уште во критична состојба, почина уште еден од повредените
На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) се сместени четворица пациенти со сериозни повреди од сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, а вчеравечер во Ургентниот центар бил префрлен уште еден пациент, кој претходно бил сместен на одделение во болницата „8 септември“. Девојката на која и беше ампутирана ногата, по две операции, е во тешка, критична состојба. Во тешка состојба е и уште еден пациент со торакална повреда, кој е во единицата за интензивна нега. Утрово на повредите добиени во сообраќајката им подлегна и 39-годишен маж.
За ова денеска информираа министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Ургентниот центар Илир Хасани.
Директорот Хасани изјави дека пациентот бил примен и опериран меѓу првите пациенти кои се донесени на клиниката, но поради сериозноста на повредата следниот ден бил повторно ревидиран и била направена хемостаза и обид да се спречи тешкото згмечување и крварење на белиот дроб. После интензивен конзервативен и оперативен третман на пациентот, денеска во утринските часови за жал пациентот им подлегнал на повредите.
– Во болницата „8 Септември“, во интензивна нега се сместени пет пациенти. Двајца и понатаму се на респираторна машина, состојбата во однос на вчерашниот ден не е променета и тројца кои не се на респираторна машина, но имаат тешки повреди и се во критична состојба, информираше Филипче.
Ново на Сител
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''