Девојка загинала во сообраќајна несреќа, а пред смртта ги изговорила овие зборови…
Забавата заврши, луѓето почнаа да возат иако не беа во состојба да го седнат зад воланот. Отидов до автомобилот свесна дека дома ќе се вратам мирна. Не можев да замислам што ме чека, мајко.
Сега лежам неподвижно на патот и го слушам полицаецот како зборува: ’Момчето кое ја предизвика сообраќајката беше под дејство на алкохол“
Мајко, неговиот глас звучеше како да е толку далеку. Мојата крв е секаде околу мене и со сите сили се обидувам да не врескам.
Ги слушам лекарите како велат: ’Оваа девојка ќе умре’. Изгледа дека момчето, кое возело со полна брзина, одлучило да пие и вози, и сега мора да умрам!
Зошто луѓето го прават тоа, мајко, знаејќи дека тоа ќе уништи многу животи? Болка ме сече како стотици ножеви.
Кажи им на моите сестри да не плачат, кажи му на тато да биде силен. И кога ќе одам во рајот, ќе внимавам на вас.
Некој требаше да го научи тоа момче дека е погрешно да пие и вози. Можеби ако неговите родители би му го кажале тоа, јас не би била во ваква состојба! Мојот здив станува послаб, се` повеќе и повеќе.
Мајко, ова се моите последни моменти и се чувствувам очајно. Би сакала да можам да те прегрнам мајко, додека лежам тука и умирам…
Би сакала да можам да кажам колку те сакам мајко… Збогум…“
Овие зборови ги напишал новинар кој сведочел на една сообраќајна несреќа. Девојката, додека умирала, ги изговорила овие зборови.
Извор:Fox
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница