Живот
23. November 2015 - 21:26

Девојка, открила скриена камера во тоалетот на позната продавница

Александрија Сабори, 24-годишна девојка, открила скриена камера во тоалетот на позната продавница во Лос Анџелес.
 
Пред да влезе во тоалетот таа видела како таму влегол некој од вработените и брзо излегол.
 
Кога влегла во тоалетот забележала картонска кутија со дупка во неа, која и била сомнителна.
 
Откако ја отворила кутијата се шокирала.
 
Внатре нашла мобилен телефон на кој му била вклучена камерата и снимал точно кон тоалетната школка.
 
Сабори веднаш се јавила во полиција, а кога побарал да зборува со менаџерот, го препознала човекот кој пред неа влегол во тоалетот.
 
Полицијата го уапсила менаџерот Карлос Мартинез, а моментално се спроведува постапка против него.

.be