-->
-->
Девојче во македонски автомобил со часови било заробено со мртвите роднини – исповед на сведоците од несреќата во Србија
-->

-Се движев од правецот на Ниш, возев со нормална брзина. Беше замаглено, а кога ја поминав Морава, ѕид. Ништо неможев да видам, толку имаше магла. Веднаш почнав да кочам. Го стигнав камионот пред себе. Успеав да го стигнам и да излезам, но тогаш возилата почнаа да се удираат едно во друго. Одеднаш во автомобилот крај себе видов мртва жена, а крај неа имаше две деца. Се слушаше вриштење и плач- посведочил еден возач.
Како што се дознава најпрво околу 7.15 дошло до верижен судир во насока кон Белград кога се судриле два автомобила, кои ги управувале две жени.
-Возачот на еден камион пријде да им помогне, ја прескокна хаубата на нивниот автомобил. И тогаш следуваше катастрофа. На нив налетаа седум камиони и исто толку автомобили и сите загинаа. Од силината на ударот возачот остана заглавен меѓу две товарни возила – прераскажува очевидец на морничавата сцена.
Само пет минити подоцан во насока кон Ниш, дошло до два верижни судири, во кој загинаа 4 луѓе.
-На кампер со германски таблички налета камион кој го управувал полски државјанин. Камперот потоа се запали, а пламенот ја зафатил и кабината на камионот зад чиј волан бил Полјак. Во тој камион подоцна се забиле автомобили, но и други товарни возила- вели соговорник на српски Курир и додал дека за неколку минути на автопатот настапал целосен хаос.
Како што вели во следниот момент во автомобил со македонски таблички видел заглавено девојче кое плачело и ја довикувало мајката.
-Детето со часови било заглавено во згмечениот автомобил. Вриштеше и повикуваше помош, додека на предното седиште беа двајца нејзини мртви роднини со кои патувала. Јадното дете!Спасувачите едвај дојдоа до неа, а кога и пријдоа, беше надвор од себе. Лекарите едвај успеаја да ја смират и тоа со седативи – вели потресениот очевидец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на коалицијата на СДСМ во Кавадарци
-
Митинг на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар
-
Активности на помалите партии и независински кандидати
-
Тема на денот со Златко Кузманов, д-р по безбедност и претседател на Центарот за Интегрирана безбедност
-
Пациентите со дијабетес бараат редовни офталмолошки скрининзи за ретинопатија за да спречат слепило
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир
-
Приведени 6 лица за тендерски малверзации во РЕК Битола
-
Сведочење во Кривичен: Пред Нино Васев не биле давани лекови на реверс на Онкологија