Живот
20. April 2017 - 10:28

Девојче се разбудило среде ноќ со болки во раката, а кога отворила очи забележала огромен ѕвер

Деветгодишното девојче Габи отишла на кампување со своето семејство, а во текот на ноќта во шаторот влегла голема змија и се замотала околу нејзината рака.

За некое чудо девојчето преживеало откако питон од 2,5 метри се замотало околу неа.

Во текот на ноќта, девојчето го разбудило страшна болка во раката, а кога отворила очи видела голема змија како и се замотува околу раката и ја притиска. Успеала само да изговори „Помош“, по што нејзиниот татко се разбудил и едвај ја спасил.

Нејзиниот татко вели дека питонот бил толку тежок што девојчето не можело да стане и да се ослободи.

-„Што повеќе се обидував да го оттргнам од раката, толку повеќе тој гризеше. Не знаев што да направам, па едноставно го земав и го распарчив.“- зборува таткото за опасната змија, која успеала и него да го касне.