Македонија
5. October 2015 - 18:01

Девојче се бори за живот по удар од воз кај Кичево

Четиринаесетгодишно девојче од Кичево денеска било тешко повредено во главата во несреќа која се случила во 8 часот на див железнички премин во градот, во близина на крстосницата на улиците „Влашки пат“ и „Ужичка република“.

До несреќата дошло кога помошно возило во сопственост на „Македонски железници“ удрило во девојчето, кое поради повредите било однесено во болница во Кичево, а потоа преупатено во Ургентниот центар во Скопје.  

Увид на местото направил јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица Кичево.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски изјави дека ќе се истражуваат причните за железничката несреќа.