-->
-->
Девојче се бори за живот по удар од воз кај Кичево
-->
Четиринаесетгодишно девојче од Кичево денеска било тешко повредено во главата во несреќа која се случила во 8 часот на див железнички премин во градот, во близина на крстосницата на улиците „Влашки пат“ и „Ужичка република“.
До несреќата дошло кога помошно возило во сопственост на „Македонски железници“ удрило во девојчето, кое поради повредите било однесено во болница во Кичево, а потоа преупатено во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото направил јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица Кичево.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски изјави дека ќе се истражуваат причните за железничката несреќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година