Македонија
8. October 2016 - 12:03

Девојче брутално претепано заради мобилен телефон

Вчера околу 19.15 часот во Штип на ул.„Стојан Рибата“ пред пекарата непознат сторител извршил разбојништво над 16 годишно малолетно женско лица од Штип, на начин што насилно и го одзел мобилниот телефон марка „Алкател Оне Тач Поп“ кој и бил во раката и ја удрил со рака во пределот на главата, нанесувајќи и повреда (крварење од носот), по што побегнал од местото на настанот.
 
Полицијата од Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот.