„Се сеќавам на вресокот дека детето ми е мртво. По една минута, помислив дека нешто мора да направам за да ја спасам. Дојдов до нејзините стапала и се обидов да допрам до неа, но ме удри струја. Толку беше јака што целосно ме истресе и не можев да мрднам. Подоцна ми рекоа дека сум била парализирана и онесвестена“, рече таа.
Се претпоставува дека Амелија со мокра нога стапнала на жица која пак требало да биде покриена.
Гостин во хотелот употребил парче дрво за да ја помрдне, по што почнале да ја оживуваат додека не стигнала брзата помош/
„Еден од гостите на хотелот успеал ја задржи Амелија за прстите и да преврте во воздух по што ја положил на трева, каде сведоците велат дека се вратила во живот, наведува мајката.
Кога стигнала брзата помош, семејството го одвеле во болница каде биле 7 часа.
Сопственикот на хотелот ги платил болничките сметки и се извинил, а лампата е отстранета.