Девет сообраќајки вчера во Скопје
Девет сообраќајки се случиле во изминатото деноноќие во Скопје, во кои полесно се повредени четири лица. Пет од сообраќајките се со причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала пет возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, четворица кои не ги почитувале правилата за престигнување, осум возеле без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 25 за непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, од наша страна се отстранети 39 возила.
Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Димитар Миладинов“ во општина Центар.
Вработените во МЗТ „Леарница“ ад Скопје денеска со почеток во 12 часот ќе оддржат протест пред Собранието на РМ, Владата на РМ на бул. „Илинден“ и пред други објекти во централното градско подрачје.
Протест најавија и вработените во фабриката „Југохром“ од Јегуновце, кои ќе протестираат од 12 до 13 часот на крстосница од булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“ и пред „Судска палата“.
Со цел безбедно одвивање на сообраќајот од МВР најавуават дека ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување физичко регулирање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници