Девет години од потонувањето на „Илинден“ во Охридското Езеро
Денеска се навршуваат девет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 лица, туристи од соседна Бугарија.
Како и секоја година делегации на Општина Охрид, на Амбасадата на Република Бугарија, претставници на Здружението на граѓани „5-ти септември" од Охрид, на ротари-клубот од Охрид и граѓани со цвеќе на споменикот поставен на Кејот на Охридското Езеро се сеќаваат на жртвите од несреќата.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.
Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.
Бродот „Илинден“ две седмици после несреќата поточно на 19 септември беше извлечен на површината на Охридското Езеро. Истиот ден бродот беше одвлечен до каналот Студенчишта, каде по спроведената истрага за неговата техничка исправност се наоѓа и денеска, како нем сведок на трагедијата што однесе 15 човечки животи.
Ново на Сител
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба