Македонија
2. May 2020 - 14:57

Деведесет и осум лица приведени поради непочитување на полицискиот час

Сто и триесет лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие, при што приведени се 98 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Според статистичките податоци на МВР за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 37 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.