-->
-->
Детски бадникови поворки во пресрет на Божик
-->

Како дел од прославата на Бадник и Божик утре низ улиците на сите градови во Македонија вторпат ќе се одржи манифестација „Бадникови поворки“ со учество на дечиња кои ќе ја пејат Божиќната песна со што ќе го најават Христовото раѓање.
- На бадинковите поворки во Скопје, каде што ќе биде централната манифестација, како и во останатите градови, е најавено учество на 7.000 дечиња кои ќе ја сочинуваат и најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет, велат од Здружението за возобновување на православните традиции во Македонија „Бадникови поворки“, организатор на активностите за прославата на Бадник и Божик.
На поворките децата ќе ја пејат божиќната песна и ќе носат божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.Ќе носат и специјално украсени пештери на кои е претставено Рождеството Христово. Ѕвездите и божиќните пештери ги изработуваа на работилници организирани за оваа намена каде и ја пееја божиќната песна.
Според најавата, во Скопје бадниковата поворка ќе почне од пред црквата „Пресвета Богородица“ од каде дечињата низ улиците во центарот со божиќната песна ќе го најават Христовото раѓање, по што ќе пристигнат во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ каде ќе се приклучат на чествувањето на Бадник.
За годинашното издание на манифестацијата „Бадникови поворки“ е изработен видео спот за божиќната песна „Вечниот Бог“, во изведба на Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм и Златните славејчиња, во продукција на „Веста“.
- Доживејте вистинска Божиќна радост, која ќе ве натера да извикате „Христос се роди“, порачуваат учесниците во спотот.
Бадникарски поворки првпат се одржаа лани во Скопје и во уште неколку градови, со цел да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник во духот на православното предание, наместо коледарските посети на домовите и пеење пагански песни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
