Фудбал
14. December 2016 - 13:30

Детето со „пластичен дрес“ во прегратките на Меси

Фудбалерите на Барселона одиграа пријателски дуел со Ал Али во Катар на кој Каталонците славеа со 8-5 но централна фигура беше малиот Авганистанец Муртезан Ахмади кој светот го запозна со пластичниот дрес во боите на Аргентина и напишаното име на Меси. 6-годишниот Ахмади беше цело време со Меси со кого се сликаше пред почетокот на мечот но и со целата екипа на Барселона.  Меси излезе на терен а потоа го носеше и во прегратките. „Сништата се остваруваат, ова беше срцепарателна средба на малиот Ахмади и Меси“- напишаа на Твитерот од Барселона. 

https://