Детето моли од болница: Не го погребувајте бато без мене
Братот на Зоран (10) и внук на Недељко Машиќ (63) од Суботица, кој настрадаа во страотна сообраќајна несреќа кај Пеќинци, не дозволува тие да бидат погребани додека тој не излезе од болница.
13-годишниот М.М. кој ја преживеа тешката сообраќајна несреќа оваа молба им ја соопшти на дедото Илија (72) и таткото Предраг (41), а одлуката за неговото присуство ќе ја донесат лекарите.
-Незнам кога ќе биде погребот и дали ќе можеме да го одложиме за да може да присуствува постариот внук. Се уште не се опорави од смртта на мајката која пред половина година почина од накцер во 42 година. Во болница ми се уште двајца внуци од осум и десет години, синови на мојата ќерка Маријана Чучковиќ, која исто така е повредена, вели Илија Машиќ од Суботица.
Семејството Машиќ настрада при враќање од родното место Подум кај Оточац во Хрватска, кога возачот на комбито Драгослав Наранчиќ (54) удри во расипан шлепер.
Во болница, во тешка состојба се неговата сопруга (54) и шестгодишна ќеркичка.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје
-
Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа