Детето - фока: Роден без раце и нозе, прави невозможни работи со устата и брадата
Единаесетгодишниот Тијо Сатрио од Западна Јава во Индонезија е роден без екстремитети, но тоа не го спречува да биде подвижен и самостоен и својот живот да го исполнува со различни содржини.
Тој е вистински махер за Плеј - стејшн, кој пронашол начин да ужива во омиленото хоби. Тој со брадата управува со компјутерот и може да им парира на играчите кои оваа игра ја играат со раце.
Меѓутоа, животот не го поштеди ова дете. Депресијата и несигурноста со која се соочи во текот на раното детство го наведе да не сака да оди на училиште/ Но бидејќи е силна личност сите препреки ги надмина и тргна редовно во мало училиште за деца со дисабилитет.
Според зборовите на управникот на училиштетп, Тијо е многу интелигентен и одличен ученик, а посебно е добар во математика и религија.
-Неговото ниво на интелегенција е над неговата возраст, а може да оди и две одделенија пред неговото. Тој своите недостатоци ги претвара во предност. Неверојатно е како со уста го држи моливот и решава задачи, вели тој.
Тијо го прифатија и другите деца во училиштето и бидејќи е весел и постојано се смее, секогаш е опкружен со другари, а омилен е и меѓу наставниците. Се движи самостојно, како фока, и брзо може да стигне каде сака.
Неговата мака истакнува дека е горда на него и дека воопшто не била свесна за состојбата на своето бебе додека била трудна. Таа вели дека никој не и рекол дека бебето нема екстремитети, па дури ни откако го родила. Семејството на полноќ, кога имало малку лекари, детето веднаш го завиткале и го однеле, а кога утредента и го покажале, доживеала вистински шок.
Поради тоа што состојбата на Тијо бара големо внимание од мајката, таа не може да работи, а примаат помош од државата. Но како што Тијо станува се по самостоен има повеќе надеж за ова семејство, кое има уште две деца, да стане финансиски понезависно.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи