Детенце (2) со голи раце фаќа змии и си игра со нив, родителите горди на него
Додека повеќето луѓе на планетава се грозат од змии, ова детенце се специјализраше во фаќање змии и тоа без воопшто страв.
Двегодишниот Џенсон Харисон од бебе ги засакал змиите и се дружел со нив во Голден Коуст во Австралија поради што го нарекуваат „малото дете змија“. Неговите родители Тони и Брук, се професионални фаќачи на змии, а Џенсон од мали нозе ги следи во нивната работа.
-Од првиот ден во својот живот Џенсон со Тони ги галеше и се дружепе со змиите. Од секогаш беше опкружен со нив и нормално е да не се плаши, рече Брук.
Но ова детенци умее да гали не само змии туку и гуштери и други водени влекачи.
-Многумина од нас не осудуваат што на детето му дозволивме таков вид блискос со така опасни животни но ние сме постојано присутни и што и да прави тој ние го следиме. Па и ние не сме луди да му дозволиме на нашето дете да страда, но знаеме дека е среќен кога се дружи со тие животни, вели неговиот татко Тони.
За сега Џенсон смее да ги допира само безопасните мали змии и од своите родители веќе научи една многу важна лекција - дека секој живот е важен и драгоцен.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември