Детектор: Во последните години Македонија назадува во спроведувањето на европските реформи
Мнозинството граѓани смета дека Македонија назадува во спроведувањето на реформите за постигнување на европските стандарди. Вакви се резултатите од најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 42,6% од граѓаните сметаат дека во последните неколку години има уназадување во однос на реформите потребни за постигнување на европските стандарди. 15,4% од анкетираните гледаат напредок а 31,6% се на ставот дека нема никакви промени
Гледано по етнички групи 53,8% од Македонците сметаат дека има уназадување, додека само 7,7% напредок. 29,5% од анкетираните Македонци не гледаат никаква промена.Кај етничките Албанци мнозинството или 38,7% регистрирале напредок во реформите за постигнување на европските стандарди додека 38,3% не гледаат никаков напредок. Само 8,8% од Албанците сметаат дека земјава назадува во спроведувањето на потребните реформи.
Гледано по возрасни групи, уназадување во најголем дел регистрираат граѓаните меѓу 40 и 49 години а во најмал најмладите на возраст од 18 до 29 години.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид