Детектор: Во Македонија сме поподложни на лажни вести отколку други земји

Речи си половина од граѓаните сметаат дека Македонците се поподложни на лажни вести, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 47,6% од анкетираните се на ставот дека споредено со други земји, граѓаните на Македонија се повеќе подложни на дезинформации и лажни вести. 34,4% не гледаат некоја разлика додека само 7% се на ставот дека во другите земји граѓаните се поподложни на лажни вести од Македонците.

Третина од етничките Албанци и половина од Македонците сметаат дека во Македонија граѓаните се поподложни на лажни вести споредено со граѓаните на други земји.

Оттука, близу две третини или 62,6% од анкетраните сметаат дека медиумската писменост треба да се вклучи во образовниот процес во основното и средното образование.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
