Детектор: Третина од граѓаните очекуваат датум за старт на преговори во мај – доколку тоа не се случи виновна ќе биде власта
Повеќе од третина од граѓаните сметаат дека Македонија ќе ги почне преговорите со Европската унија во мај оваа година. Најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека 36,7% од граѓаните очекуваат датум за преговори во мај, додека 46,3% сметаат дека тоа нема да се случи за 3 месеци.
Доколку нема датум за преговори во мај, 30,3% од анкетираните одговорноста ја лоцираат во власта, а 17,6% во опозицијата. 16,5% вината ја лоцираат кај одредени земји членки а 8,1% на друго место.
Во споредба со слично прашање поставено во анкетата во септември лани, кога се бараше од граѓаните да ја лоцираат вината доколку земјата не добие датум за старт на преговори на самитот во октомври, може да се забележи дека за 6 месеци се намалил бројот на граѓани кои вината ја лоцираат во власта и опозицијата а двојно се зголемил бројот на оние кои сметаат дека за тоа што земјава остана без датум за старт на преговори, виновни се одредени земји членки.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена во периодот од 28 до 31 јануари врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228