Детектор: Третина од граѓаните очекуваат датум за старт на преговори во мај – доколку тоа не се случи виновна ќе биде власта
Повеќе од третина од граѓаните сметаат дека Македонија ќе ги почне преговорите со Европската унија во мај оваа година. Најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека 36,7% од граѓаните очекуваат датум за преговори во мај, додека 46,3% сметаат дека тоа нема да се случи за 3 месеци.
Доколку нема датум за преговори во мај, 30,3% од анкетираните одговорноста ја лоцираат во власта, а 17,6% во опозицијата. 16,5% вината ја лоцираат кај одредени земји членки а 8,1% на друго место.
Во споредба со слично прашање поставено во анкетата во септември лани, кога се бараше од граѓаните да ја лоцираат вината доколку земјата не добие датум за старт на преговори на самитот во октомври, може да се забележи дека за 6 месеци се намалил бројот на граѓани кои вината ја лоцираат во власта и опозицијата а двојно се зголемил бројот на оние кои сметаат дека за тоа што земјава остана без датум за старт на преговори, виновни се одредени земји членки.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена во периодот од 28 до 31 јануари врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници.
Ново на Сител
-
Бензема размислува да се пензионира во 2025 година
-
Автомобил се превртел на патот Кочани – Македонска Каменица, 4 лица повредени
-
Инзаги по триумфот над Лацио: Задоволен сум од начинот на кој победивме многу квалитетен тим
-
Минчев: Реформата на јавната администрација еден од главните приоритети во пристапното партнерество со ЕУ
-
Злато и пет бронзи на нашите таеквондисти на Меѓународниот турнир одржан во Солун
-
Папата Франциск откри дека бил цел на обид за самоубиствен напад за време на неговата посета на Ирак
-
До петок стабилно, викендот врнежи од дожд
-
Вонреден инспекциски надзор врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото бебе