Детектор: Синдикатите не ги бранат правата на работниците за заштита при работа

Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека синдикатите не ги бранат правата на работниците за заштита при работа, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 52,7% од анкетираните велат дека синдикатите не ги бранат правата на работниците за заштита при работа, додека 32,8% го тврдат спротивното.
64,5% од анкетираните велат дека за нив е многу значајно да се реши проблемот со стандардите за заштита при работа, а само 10% од анкетираните велат дека на нивното работно место условите во кои работат не се безбедни за нивното здравје и живот.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари оваа година.
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
