Детектор: Мажите и жените земаат иста плата на исто работно место
Мнозинството граѓани или 47,4% се на ставот дека мажите и жените во Македонија на исти работни места земаат иста плата, покажува последната анкета на Детектор, спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје.
25,6% сметаат дека мажите се повеќе платени иако работат на исто работно место со жената, додека 3,1% сметаат дека жените се тие кои се повеќе платени од мажите за истата работа.
Половата структура на одговорите покажува дека и мажите и жените се согласуваат дека платите за иста позиција се исти и за мажи и за жени. Ваков став делат 49,8% од сите анкетирани мажи и 45,2% од жените. Дека мажите се повеќе платени сметаат 20,2% мажи и 30,9% жени. 4,4% мажи се на ставот дека жените земаат повеќе плата за иста работа, додека ваков став делат само 1,9% жени.
48,9% од анкетираните се на ставот дека мажите и жените се рамноправно застапени во јавниот сектор додека 35,2% сметаат дека не се.
56,8% од сите анкетирани мажи и 41,1% од жените сметаат дека постои рамноправна полова застапеност во јавниот сектор додека 29,7% мажи и 40,6% жени сметаат дека тоа не е случај
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер