Детектор: Граѓаните не се оптимисти дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши во скоро време
Македонските граѓани не се оптимисти дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши во скоро време, покажува анкетата на емисијата „Детектор“ на Сител која е спроведена во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС).
28 отсто од граѓаните сметаат дека војната ќе трае неколку години, а 24,1 проценти одговориле дека ќе заврши до крајот на 2023 година. Само 9,6 отсто од граѓаните сметаат дека крај на конфликтот може да се стави до крајот на зимата.

Граѓаните се согласни дека ниту Русија, ниту Украина не победува во досегашниот тек на војната. На ова прашање 46,2 отсто одговориле „ниту една“, 17,9 проценти сметаат дека досега победник е Русија, а 14,1 отсто како победник ја гледаат Украина.

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
