Детектор: Државата нема соодветна поддршка за спортот – потребно е да се одвојат повеќе пари
Државата несоодветно го поддржува развојот на спорот и потребно е да почне да одвојува повеќе пари, сметаат мнозинството граѓани во најновата анкета која за Детектор ја подготви Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 59,3% од граѓаните мислат дека државата несоодветно го поддржува развојот на спорот, додека 22,4% сметаат дека поддршката е соодветна.
70,9% од анкетираните се на став дека државата треба да му стави на спортот повеќе средства на располагање. 13,1% сметаат дека сумата која сега се одвојува е доволна додека 5,5% сметаат дека за спортот државата треба да одвојува помалку пари.
Близу половина од анкетираните или 48% сметаат дека Агенцијата за млади и спорт работи несоодветно во насока на поддршка на спортските активности и младите, додека 29,6% се на став дека АМС соодветно ја врши својата функција.
Речиси три четвртини од граѓаните или 72,8% сметаат дека бројот на часови по физичка култура во училиштата треба да се зголеми додека 13,1% мислат дека не треба.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис