Детектор анкета: Половина од граѓаните сметаат дека училиштата преземаат соодветни мерки за да ја надополнат пропуштената настава
Над половина од граѓаните сметаат дека училиштата во нивните општини имаат соодветни мерки за да ја надополнат пропуштената настава. Ваков став делат 52% од анкетираните додека 16,6% сметаат дека општините не преземаат соодветни мерки за надополнување на пропуштеното образование.
Според анкетата на Детектор, најлоша е состојбата во југоистчниот регион. Таму само 38% од граѓаните велат дека општините преземаат соодветни мерки. Слично е и во полошкиот регион каде 39,8% од граѓаните одговориле дека училиштата преземаат соодветни мерки за надополнување на пропуштената настава.
Најмногу граѓани или 64,4% велат дека училиштата од нивната општина преземаат соодветни мерки за надополнување на пропуштеното образование.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“