Детектор анкета: Македонците се за онлајн настава – Албанците за продолжување на учебната година
Онлајн наставата е најприфатливо решение за надополнување на пропуштеното од учебната година поради корона вирусот, смета мнозинството граѓани во најновата анкета коja по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 36,1% сметаат дека пропуштената настава треба да се надополни преку онлајн предавања, 28% сметаат дека треба да се продолжи школската година додека 8,7% сметаат дека најдобро решение е наставата да се надополни со одработување на саботите.
Етничката диференцијација на граѓаните кои одговарале на прашањата покажува дека етничките Македонци и нивните сограѓани Албанци имаат различен став кога станува збор за начинот на кој што би требало да се сработи она што се пропушта во оваа учебна година поради вирусот.
Додека Македонците во мнозинство сметаат дека најдобро решение е онлајн наставата, етничките Албанци сметаат дека треба да се продолжи наставата.
Па така, 39,9% од етничките Македонци се за онлајн настава, 25,4% за продолжување на учебната година додека 7,7% за одработување на саботите. Кај етничките Албанци најголемиот дел или 34,5% сметаат дека најдобро решение за надополнување на пропуштеното образование поради корона вирусот е да се продолжи учебната година. 24,6% се определиле за онлајн настава а 12,3% за одработување на саботите. Граѓаните од останатите етнички заедници исто така во мнозинство се за продолжување на учебната година. Ваков став делат 37% од анкетираните граѓани од другите етнички заедници. 32,6% се за онлајн настава а 6,5% за одработување на пропуштената настава во саботите.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик