Детектор анкета: Една четвртина од граѓаните останале без работа поради корона кризата
Една четвртина од граѓаните велат дека или тие или некој од нивното семејство останале без своето работно место поради корона кризата покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 25,8% од анкетираните велат дека или тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од анкетираните велат дека го немале тој проблем.
14,4% од граѓаните велат дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле. 47,4% велат дека немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% велат дека донекаде имаат намалување на приходите.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.
Ново на Сител
-
Ќе има ли пауза за приватни специјализации во здравството?
-
По 15 години чекање, позитивната листа конечно ќе добие нови лекови
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи но не со свиткана кичма
-
Таравари најави ревидирање на позитивната листа
-
Гласен текстилец бара да се заштитат работниците кои на високи температури работат на отворено
-
Преглед на вести од светот
-
Втор ден самит во Вашингтон, САД