Македонија
26. јуни 2016 - 19:12

Дете почина во несреќен случај во Куманово

Шестгодишно дете почина во несреќен случај, што се случи претпладневно во лифт во станбена зграда на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово во која живеело момчето со своето семејство.

Случајот го потврди МВР од каде информираа дека настанот се случил во 11:40 часот во станбената зграда каде што детето родено 2010 година, од засега непознати причини било потфатено од лифтот и починало на лице место.

Денеска на местото на несреќата беа екипи од ТППЕ Куманово и од Итна помош од каде потврдија дека детето имало повреди на главата.

Увидот на екипите на СВР Куманово и на Основното јавно обвинителство заврши. Телото на детето, по наредба на јавниот обвинител, е предадено за обдукција.