Дете од Неготино се бори за живот, доживеал струен удар
Шесенаесетгодишно момче од гостиварското село Неготино, полошко, претрпело силен струен удар и паднало во бессознание по обидот да ја затвори вратата од 110 киловолтната трафостаница на излезот од селото на споредниот пат кон Дебреше, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, шеснаесетгодишникот заедно со две други лица биле на местото кај трафостаницата кога забележале дека металната врата од објектот е отворена, а од внатре се слушала силна бучава.
- Тој се обидел со двете раце да ја затвори вратата, но доживеал силен струен удар и паднал во бессознание по што бил пренесен во Гостиварската болница од каде бил препратен на скопските клиники. Полицијата работи на утврдување на сите околности, како и видот, карактерот и тежината на повредите, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот