Дете извадило нож во ОУ „Киро Глигоров“, мајката потпишала изјава дека ножот во ранецот го ставила по грешка
Родители на ученици од основното училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар изразуваат голема загриженост за безбедноста на своите деца. Тие велат дека серија на инциденти создава чувство на страв и неизвесност пишува курир.мк.
Последниот инцидент ја зголеми тревогата: ученик од четврто одделение извадил нож во училница меѓу соучениците. Родителите наведуваат дека истото дете претходно покажало насилно однесување, вклучувајќи напади со ножици врз другарчиња, вклучително и ученик со посебни потреби.
По настанот, мајката на ученикот изјавила дека ножот по грешка бил ставен во ранецот при подготовка на појадок. Родителите на другите деца сметаат дека ова не е изолиран случај и дека училиштето не презема доволно мерки за заштита на учениците. Според нив, стручните служби работат со детето веќе четири години, но проблемите остануваат.
Родители тврдат дека училиштето го минимизира инцидентот и врши притисок врз наставниците и другите родители за да се прикријат проблемите. Во меѓувреме, децата се соочуваат со страв, вознемиреност и постојан психофизички притисок.
Директорката на училиштето, Билјана Билбиловска, изјави дека училиштето постапило согласно прописи: ученикот бил изведен од паралелката, преземени се мерки за индивидуална поддршка и превенција, и немало заканувачко однесување кон останатите ученици.
Министерката за образование, Весна Јаневска, рече дека се врши дополнителна проценка на случајот и дека можни се дополнителни мерки, како образовен асистент или учење во друга установа за детето.
И покрај тврдењата на училиштето, родителите остануваат загрижени за безбедноста на своите деца и очекуваат итно и транспарентно постапување од надлежните институции.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
