Живот
16. January 2019 - 21:08

Дете брутално згмечено во автомобил додека момчето на неговата мајката ги протегнувал нозете: Додека се гушело тие го замолчувале додека не било предоцна

Алфи Ламб (3) сурово е задушен додека се возел со својата мајка, нејзиното момче и нивните пријатели.

Мајката Едриан Хоаре (23) и нејзиното момче Стивен Вотерсон (25) се обвинети за убиство кое се случило во февруари минатата година, а тие ги негираат обвинувањата.

Како што рече еден од сведоците, Вотерсон седел на седиштето зад кое ибил сместен малиот Алфи. Мајката тука го сместила зошто не можела да го земе седиштето за деца.

Иако според зборовите на сведокот Вотерсон имал доволно место за нозете барал повеќе иако детето го предупредувало дека тоа му пречи.

Несреќното дете додека се гушело и плачело, го замолчувала и мајката, која му говорела дека наскоро ќе дојдат дома.

Во еден момент детето замолчело и сите мислеле дека спие.

Кога конечно стигнале, го извадиле бледото дете од автомобилот, а мајката се обидувала да го разбуди мислејќи дека се шегува.