Балкан
22. February 2016 - 9:02

Дете (16) закла сосед: Му го распара стомакот и го фрли во канал

Зоран е пронајден измасакриран во каналот покрај патот, а стомакот му бил распаран. Дали е можно дете да направи такво нешто на својот сосед само поради пари - прашува очајниот Трифун Митиќ, роднинан на Зоран Величковиќ (60) нарелчен Грудка од Биновци кај Сурдулица кој е заклан од страна на 16-годишното момче Д.А.

Страотното злосторство се случи ноќта меѓу петокот и саботата, кога Д.А., најверојатно со уште двајца соучесници упаднал во куќата на Зоран и се обидел да го ограби. Малолетникот со нож го измасакрирал Зоран и побегнал со автомобилот на жртвата, но полицијата го запрела и го уапсила кога му ги видела крвавите раце.

Имотно семејство

-Го убија како куче. Слушнав дека имал рана од 15 сантиметри. По крвавиот пир разбојниците барале канистери до гориво за да го запалат телото, но не нашле гориво. Го однеле телото во блискиот канал и тука го покриле со гранки и лисја. Шокиран сум! Зоран и неговата сестра Славица растеа покрај мене, чесни луѓе, паметни. Сестрата го посетуваше, секој ден доаѓатше, раскажува Трифун.

тој објаснува дека Величковиќ бил работник, мирен човек и домаќин.

-Ние сме семејство со таткото на Зоран, Видосав, кој почина пред година дена. Има четири крави, теле и сам го одржуваше домаќинството. Беше најбогата куќа во селото. Богатството и таткото и синот го стекнаа со својата работа - раскажува роднината Трифун и додава дека и порано имало кражби, но главно се краделе казани за ракија.

-Со Д.А. сигурно имало и неколку соучеснии. Го убиле и неговото тело го фрлиле во каналот карши капијата. Полицајците го пронајдоа ножот на терасата од куќата, вели низ солзи Митиќ.

Мештаните во страв

Тој вели дека го познава осомничениот за убиство и неговите родители.

-Се работи за проблематично и насилно семејство. Сепак, никој не очекуваше дека детето може да изврши такво злосторство. Маштаните се во страв. И мене можеше ова да ми се случи. за среќа не живеам сам, тука ми е внуката која се грижи за мене, вели Трифун.

В.М. роднина на покојниот Зоран не може да верува што се случило.

-Немам зборови, човек се мачи цел живот, а потоа ќе дојдат и ќе му пресудат на куќниот праг. Зоран беше прекрасен човек, со никој не беше во конфликт. Живееше сам. Сега немам мир, се плашам за својот живот, раскажува В.М.

Д.А. е во притвор, а полицијата трага по соучесниците.