Македонија
7. September 2017 - 10:12

Дете (11) загина во страотна несреќа во скопско: Се судрија трактор и „БМВ“, момчето не преживеа

Автомобилот „БМВ“, управуван од 39-годишниот Ш.Д, удрил во трактор „ИМТ“, кој бил управуван од 40-годишниот М.Д.
Единаестгодишно момче загина во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер, околу 20 часот на патот за Маркова Сушица. До несреќата дошло кога автомобил марка „БМВ“ со италијански регистарски таблички удрил во трактор.

Автомобилот „БМВ“, управуван од 39-годишниот Ш.Д, удрил во трактор „ИМТ“, кој бил управуван од 40-годишниот М.Д.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден од сопатниците во тракторот 41-годишниот И.Д., додека 11-годишниот Еркан Асановски од село Малчиште починал во 23:55 часот во Ургетниот центар во Скопје.