Балкан
13. July 2017 - 22:27

Детали за ужасната трагедија: Братот се обидел да го земе тушот од рацете на сестрата и сфатил дека им нема помош

-Што не умрев јас туку мојот Миќо. Подобар човек од него немаше, домаќи, вреден, децата ги восптуваше и ги исшколува да бидат добри. Кутрите мои внуки, останаа без татко и без тетка, кукаше вчера Божика Марјановиќ од дољевачкото село Орљане, тешта на Милосав Н (63) кој во средата загина од струен удар обидувајќи се да ја спаси својата сестра Јасна М.

Несреќната жена ја убило струја додека се туширала, а Милосав настрадал кога се обидел од рака да го извади тушот кој бил под напон.

Јасна пред два месеци дошла од Германија каде живеела, кај својот брат Милосав во Орљане каде тој држел кафеана „Алас“.

Незапаметената трагедиај се случила во куќата изградена покрај кафеаната каде Милосав иако имал стан во Ниш, често престојувал.

-Само што почнавмне да вечераме кога заѕвони телефонот. Се јавива, а внуката знаејќи дека сум болна за да ме поштеди од стресот рече дека сака да зборува со маж ми. Му рече: „Дедо оди да видиш, на тато нешто му се случило“. Тој веднаш отрчал до кафеаната, а јас почувствував некое зло, но мислев дека нешто му се слошило, зошто пред неколку години имаше инфаркт. Кога маж ми се врати, ме фати за рака и ми рече: „Сега мора да им ги спасиме децата, да им ја олесниле болката, вели Божика.

Старицата потврдува дека Милосав настрадал во обид да ги спаси животот на сестрата.

-Таа вечер седел со пријателите кога Јасна отишла да се истушира. Како што ми кажа мажот, Милосав го слушнал нејзиниот лелек и влетал по неа во бањата. По нив притрчал и еден од гостите, видел дека Јасна е мртва и дека го држи тушот и дека Милосав паднал покрај неа. Се обидел да го одвои, но почувствувал пецкање и сфатил дека им нема помош и дека уште некој може да загина, ја опишува трагедијата нивната роднина.

Освен Јасна и Милосав, болјер од почетокот на оваа година на подрачјето на Ниш усмрти уште две лица. Бобан Јовановиќ од село Меграја настрада од струен удар на 4 јули, а на 18 јануари на ист начин загина и 18-годишниот Никола Ѓорѓевиќ од Прва Кутина.