Детали за убиството што го потресе Гостивар

Вчера околу 21,40 часот во Гостивар, на ул.„Седек Костовски“, додека Н.Д.(47) од с.Чајле, се движел со неговото патничко возило „Џип-Киа“ во кое било неговото семејство во еден момент пред него застанало патничко возило „Голф 3“, управувано од А.А.(26) од Гостивар.
Бидејќи, А.А. бил непрописно застанат, помеѓу истите настанала вербална расправија, при што А.А. од неговото возило извадил метална шипка со која започнал да удира по возилота на Н.Д. Во тој момент, Н.Д. од возилото извадил пиштол „Берета“ калибар 9мм кој го поседувал со дозвола, испукал три куршуми во правец на А.А., при што со еден куршум го погодил во пределот на стомакот.
По ова А.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар Скопје, каде на 28.06.2016 година околу 01,30 часот им подлегнал на повредите.
По настанот Н.Д го напуштил лице местото на настанот и околу 23,00 часот сам се пријавил во ПС-Гостивар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
