Детали за страотното убиство и самоубиство во Кочани: Ќерката (22) е тешко повредена и се бори за живот
Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на местото каде утринава се случи убиство и самоубиство, информираат од ОЈО.
Утринава околу 3.30 часот, по семејна расправија, сега починатиот Б.Л. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.Л.
Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти.
Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 22 годишната ќерка и 13 годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи.
Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција. Во тој момент, таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу 6 метри скокнал при што починал на лице место.
По пристигнување на екипа на брза помош, констатирана е смрт кај двете лица.
Дваесет и двегодишната И.А., ќерка на починатата брачна двојка, се бори за живот по семејната трагедија што се случи изутрината во Кочани.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи.
Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се Наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење на обдукција на телата на починатите.
Ново на Сител
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час
-
Ди Марија ја напушта Бенфика
-
Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри
-
Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим
-
Македонските тенисери елиминирани во квалификациите на „Macedonian Open 2025“
-
Ратко Радовановиќ и Пау Гасол нови членови на кошаркарската Куќа на славните на ФИБА
-
Новиот претседател на Романија, Никушор Дан – математичар во борба против корупцијата