Детали за сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ: Пијан возач удрил во неговиот автомобил, пејачот тргнал на аеродром
Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во страотна сообраќајна несреќа во Германија.
Неофицијално, Шабан со автомобилот тргнал на аеродром кога му се случила несреќата. Со автомобилот не управувал тој, тука имал возач. Со него бил и неговиот кум кој исто така е повреден.
Покрај Шабан во автомобилот бил и музичарот Мирсад Кериќ. Според последните информации Кериќ е во тешка состојба додека на бобан му се скришени три ребра, рече низ солзи менаџерот Сабит Дервишевиќ.
Како што јавуваат германските медиуми, пијан возач со автомобил марка „мазда“ удрил во неговиот автомобил. Иако лекарите дале се од себе за да го спасат пејачот, не успеале.
Несреќата се случила во околината на Билефелд, во кој пеел.
Како што се наведува во полицискиот извештај две возила излетале од патот и удриле во банкините, а инцијалниот извештај гласел дека три лица од возилото „сеат ибица“ се повредени.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години