Детали за незапаметената трагедија: Другарките и претрчале на црвено, таа (27) чекала зелено светло и ја удрил автомобил
С.М. (27) од Ужице која прексиноќа ни крива ни должана е повредена во тешка сообраќајна несреќа итно е префрлена во Клиничкиот центар во Крагуевац.
Според информациите од ужичката болница каде најпрво е згрижена по несреќата, С.М. се здобила со тешки повреди опасни по живот и во критична состојба е префрлена во Крагуевац.
С.М. и натаму е во длабока кома, а во несреќата се здобила со хематом на мозокот и неколку скршеници. Девојката е повредена на пешачкиот остров каде чекала да помине улица. Во тој момент дошло до директен судар на поло и БМВ кој одел во спротивен правец.
Од силината на ударот БМВ-то поскокнало на пешачкиот остров и удрил во С.М., а потоа се зачукал во оградата пред Музејот.
Според непотврдените информации, повредената Ужичанка се наоѓала во друштво во две другарки кои улицата ја поминале на црвено светло. Таа не преминала, туку останала да го почека зеленото светкол на кое секунда подоцна излегол автомобил и ја покосил.
Минувачките кои во тој момент се затекнале на местото од несреќата раскажаа синоќа дека се обидувале да и помогнат на девојката која лежела на улица беспомошна и без свест, додека дошло санитетското возило.
Во болницата веднаш се префрлени патниците од двете возила кои учестувале во сударот. Жената М.Ј. (38) која управувала со полото е згрижена на ортопедското одделение, а нејзиниот сопруг М.И. (42) на пластична хирургија. Нивните две деца, како и возачот на БМВ-то по прегледот се отпуштени од болница.
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница