Детали за крвавата тепачка во Охрид: Убиен постар маж
СВР Охрид денес против лицата 79- годишен Н.С, 45- годишен З.С и 24- годишен Д.С сите од Охрид, до надлежното ОЈО поднесе кривчна пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “убиство“.
Имено вчера околу 17 часот 30 минути во Охрид, пред продавница „Јано Пром“, бил нарушен јавениот ред и мир со карање и викање кое прераснало во тепачка помеѓу 79- годишен Н.С од Охрид, од едната страна и 58- годишен С.Г. од Охрид и 29- годишен М.Г од друга страна.
Откако Н.С. се здобил со телесни повреди ги повикал неговиот син 45- годишен З.С и внук 24- годишен Д.С од Охрид, а по нивно пристигнување, повторно настанала расправија и тепачка каде со повреди се здобиле С.Г. и Н.С., а во еден момент по завршување на тепачката а поради здобиените повреди С.Г. колабирал и починал на местото на настанот.
Увид е извршен од страна на јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Охрид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Во СВР-Охрид лишени од слобода се лицата З.С., Н.С. и Д.С.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави
-
Граѓаните бараат решение за Вардариште пред изборите – вчера повторно запалена депонија близу Арачиново
-
Резолуцијата на Филипче ќе добие конкретни забелешки од Владата по изборите