-->
-->
Детали за инцидентот во Маџари: Малолетничката се качила на вагон и снимала видео за Тик Ток
-->
Малолетничка заврши на Ургентниот центар по струен удар кој го добила снимајќи видео за Тик Ток на воз во Маџари.
Според информациите кои Сител ги доби од МВР, во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка Станица-Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17 годишна малолетничка. На лице место излегле полициски службеници, БППЗ и ИМП. Малолетничката е пренесена во УЦ Скопје за укажување лекарска помош, велат од МВР за Сител.
Од ТОАРИЛУЦ, односно од Ургентниот центар за Сител велат дека девојчето е во стабилна состојба, но со висок степен и процент на изгореници по телото. До инцидентот дошло додека таа снимала видео за Тик Ток, ова девојчето сама го во изјава за истражните органи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена