-->
-->
Детали за грабежот на Халкбанк во Бутел
-->
Вчера утро во 09.30 часот во Скопје на ул.„Бутелска“ бб во експозитурата на „Халк банка“, три лица, со фантомки на главите и вооружени со пиштоли влегле во банката и почнале да викаат, по што отишле на шалтерот за кредитирање и од вработениот побарале пари.
Откако вработениот на шалтерот за кредитирање им рекол дека кај него нема пари, почнале да го удираат со пиштол по главата, го одвлечкале до шалтерот за наплата каде биле уште двајца вработени и од фиоките на шалтерот број 1 и 2 и од сефот одзеле околу 1.150.000 денари, а на еден од клиентите во банката, му одзеле од раце 50.000 денари кои сакал да ги уплати. Извршен е увид на местото на настанот и
се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала
-
Туристите од Турција повторно најбројни
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот