Детали од УХМР - Еве каде падна најмногу дожд и какво време не очекува во наредниот период
Облачно време со врнежи со променлив интензитет преовладуваше вечерва на целата територија на државата. Врнежите се пообилни во западните подрачја, а во овие моменти врнежи нема само во крајните источни делови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
За 12 часа (од осум до 20 часот) најмногу дожд наврнало во Лазарополе (32 литри на квадратен метар). Во Пожаране 30, Тополчани 23, Битола 21, Скопје - Зајчев Рид 20, Скопје - Петровец 19, Тетово 17, во Гевгелија и во Претор по 16 литри на квадратен метар, во Прилеп 10, во Охрид, Ѓуриште и во Демир Капија по осум, четири во Штип и два литра на метар квадратен во Струмица.
УХМР соопшти дека во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. Во втората половина од ноќта се очекува да има помалку врнежи и со послаб интензитет.
Во скопското подрачје, исто така, во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд со променлив интензитет. хс/21:01
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда