Деспотовски за уставните измени: Да се обидеме заеднички да го зајакнеме впечатокот кај инвеститорите дека сме стабилна и безбедна држава
Не треба да бидеме заложници на политичките процеси во државата. Чекаме и се надеваме дека уставните измени успешно ќе се реализираат. Земјава во очите посебно на странските големи инвеститори, е стабилна и безбедна држава, што е многу важно. Имајќи го предвид тоа, да се обидеме заеднички тој впечаток да го зајакнеме, порача денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.
Предвидените активности на ТИРЗ, вклучувајќи ја и претстојната кампања, истакна Деспотовски на брифинг со новинарите, секако ќе течат.
-Ќе повторам, не треба да бидеме заложници на политичките процеси. Ова го зборувам и како граѓанин и како институција. Не функционираме во изолирана средина во која Дирекцијата тера некоја своја приказна, а и инвеститорите не гледаат како целина. Се надевам дека уставните измени успешно ќе завршат, потенцира Деспотовски.
Ново на Сител
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
-
Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
-
Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
-
Утрото студено и магливо, преку денот сончево
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“