Дескоска: Законите за укинување на екстерното утре на собраниска седница
Пратеничката на СДСМ Рената Дескоска, која е предлог на мандатарот на новата влада за министер за образование, денеска изјави дека утре на дневен ред на седница на Собранието ќе бидат ставени три закони со кои, како што рече, ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта.
- Како што ветивме, ќе работиме во интерес на граѓаните. Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со коишто ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта и за таа цел денеска е одблокирано Собранието, изјави Дескоска во Парламентот.
Посочи на завршениот избор на собраниската Комисија за избори и именувања и наведе дека денеска ќе бидат избрани надлежните комисии за законите во областа на образованието, кои, како што рече, се веќе договорени.
Затоа, наведе Дескоска, сакам да упатам порака до учениците и до нивните родители, дека оваа година ќе нема екстерно тестирање.
Одговарајќи на новинарски прашања, дали има шанси утре да се заврши се со оглед дека петок е неработен ден, а екстерното оценување почнува в понеделник Дескоска рече дека ќе направат се да се донесе законот.
- Утре ќе работиме цел ден, сабота и недела имало обичај Собранието да работи, така што ќе бидат направени сите напори законот да биде донесен. Доколку не биде донесен, во што јас не верувам, мислам дека веќе наоѓаме на разбирање во смисла што денеска видовме одблокирање на комисиите, формирање комисии, има и резервни варијанти како да се реши проблемот. Но, јас апелирам до сите луѓе кои гласаат, сите пратеници во Собранието, да бидат конструктивни, бидејќи укинувањето на екстерното тестирање е во интерес на учениците, рече Дескоска.
На прашањето дали постои шанса министерот сам да го одобри законот Дескоска повтори оти верува дека законот ќе биде донесен и оти ќе нема потреба, како што наведе, да ги употребуваме резервните варијанти. Се надевам дека екстерното тестирање ќе биде укинато по законски пат, без да одиме со други подзаконски акти, изјави пратеничката Дескоска.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија