Дескоска учествуваше на панел-дискусија „Науката како двигател на економскиот развој”
Во рамки на регионалната економска конференција во Будва - „Економска конференција на Црна Гора 2017 - Предизвици на патот кон Европската унија“, министерката за образование и наука Рената Дескоска учествуваше на панел-дискусија „Науката како двигател на економскиот развој”.
Министерката, како што соопштува МОН, истакнала дека за да се поттикнува и унапредува технолошкиот напредок, земјите во развој треба да инвестираат во квалитетно образование за млади, како и континуирана обука за работната сила.
- Министерството за образование и наука на Република Македонија активно ја поддржува определбата дека најголемата инвестиција е образованието на младите генерации, а преку стимулирањето на нивната научна креативност како држава ќе создадеме млад научен потенцијал, кој преку своите истражувања и сознанија ќе дадат импулс во позитивна насока во сите сфери во општеството и државата. Креирањето на соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката како и поголемо инвестирање во науката се основна задача на нашето министерство, истакнала Дескоска.
На панелот министерката потенцирала дека МОН во наредниот период ќе спроведе поголем број мерки и активности со цел да се подигне квалитетот на образованието на сите нивоа.
- Креирањето соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката, како и поголемо инвестирање во науката, се основна задача на нашето министерство. Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука и покрај сложената финансиска состојба сметаат дека вложувањата во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат во континуитет, истакнала Дескоска на панел-дискусијата во Будва во рамки на економската конференција.
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек