Дескоска се сретна со комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс
Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска се сретна со комесарот за човекови права на Советот на Европа, г. Нилс Мужниекс, се наведува во соопштение на МОН.
На средбата биле дискутирани клучните предизвици во образованието 2018-2025, во поглед на почитување на човековите права, но и во однос на почитување на различностите или подобрување на меѓуетничката интеграција во предучилишното, основното и средното образование.
Министерката Дескоска по средбата изјави дека Стратегијата за образованието предвидува соодветни решенија за инклузија на лицата со посебни образовни потреби, во смисла на обезбедување физички услови за вклучување на учениците со физичка попреченост, кои во моментот се исклучително ограничувачки, но, и формирање на инклузивни тимови во училиштата, унапредување на капацитетите и екипирање на стручната служба со педагози, психолози и специјални едукатори.
Дескоска се осврна и на интеркултурното образование, кое во моментот не е соодветно отсликано во наставните или воннаставните активности.
На средбата се разговарало и за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата, како место каде учениците треба да се воспитуваат во духот на толеранцијата, мултикултурализмот и соживотот.
Ново на Сител
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември