Македонија
16. јуни 2018 - 16:51

Дескоска: Ќе ги послушам и нотарите и адвокатите

Министерката Дескоска нема да завземе страна во конфликтот меѓу нотарите и адвокатите. Рече дека ќе ги разгледа аргуметните и на едната и на другата страна.  Според неа проблемот околу законот за нотаријат кој ги скара адвокатите и нотарите треба да се надине и да бидат запазени интересите на граѓаните. Единствена цел од законот според Дескоска е да се добие квалитетна и поевтина усуга.  

Од нотарската комора посочија дека тие се доволно едуцирани за да склучувата договори. Уверуваат дека ваквата надлежност не треба да им биде одземена дека нивната работа не треба да биде надгледувана од страна на адвокатите.

Законот за нотаријат наиде на критики од адвокатите. Во март тие размилсуваа дури и да штрајкуваат поради  лошите одредби кои според нив ги фаворизираа  нотарите. Дел од нивните забелешки беа дека се изземени во одредени постапки каде порано беше потребен и адвокат. Реагираа поради измените со кои тие беа исклучени од оставнските постапки но и на одлуката да не учествуваат во составувањето на платни налози. Двокатите реагираа на измените на нотарите да им се даде можност да составувата и нотаски акт.