Дескоска: Измени во вработувањето наставници на неопределено време
Наставниците кои можат да остварат полно или пола работно време ќе може да се вработат на неопределено време. Ова, како што изјави денеска министерката за образование и наука Рената Дескоска го предлага МОН до Владата и очекува таа да го усвои барањето за да се овозможи наставниците на определено време кои го исполнуваат овој услов да го регулираат својот статус.
- Вработувањето на наставнциите зависи од тоа дали имаат можност да остварат полн фонд на часови или може да работат со полно работно време. Со оглед дека претходно во континуитет или по зaклучок на Влада се работело така што мора прво да им се даде согласност за определено време, дури и на тие што имаат полн фонд на часови, ние како Министерство изготвивме информација до Владата и бараме тој заклучок да се смени со цел да се овозможи оние кои можат да остварат полно или пола работно време, како што стои во законите за основно и средно образование, да може да се вработат на неопределено време, изјави министерката Дескоска на новинарско прашање на конференцијата „Образовни реформи и перспективи во образованието на наставниците“.
Тоа, спроед неа, ќе значи и релаксирање на самите наставници, да знаат дека сигурно ќе го задржат својот работен однос од септември кога ќе почне учебната година.
Ново на Сител
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа
-
Мисајловски и генерал Лафчиски во „Криволак“ на артилериско гаѓање и презентација на новата армиска униформа
-
Херцог: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа
-
Без вода дел од улицата „Наум Наумовски Борче“
-
Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата