Десетта групна крштевка во водите на реката Бабуна кај Велес
Повардарската епархија со седиште во Велес традиционално и годинава, денеска го организираше десетото бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во близина на Велес.
Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение на 39 лица го извршија свештениците од Повардарската епархија, протоереј-ставрофор Горан Панзов, свештеник Игор Пармачки, свештеник Драги Гаштарски и ѓакон Александар Стеваноски.
Најголем дел тие кои се крштеваа беа од Велес, а имаше и од велешкото село Мамутчево, од Кичево, Скопје, Охрид и Кавадарци.
Најмалите беа две деца од по две-три години, а највозрасниот 65 годишен жител на велешкото село Мамутчево.
Чинот започна со огласување, во кој свештенослужителите ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и од сите негови дела и да се соединат со Христа.
Протоереј–ставрофор Горан Панзов кој раководеше со светиот чин потоа ги повика присутните и тие заедно го прочитаа Симболот на верата за да покажат дека веруваат православно.
Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква.
Во изјавата за медиумите сите покрстени ни изјавија дека се пресреќни што го примија светиот чин кршевањето што е вовед во православната христијанска вера.
Ново на Сител
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска
-
Иран им се заканува на САД и Израел со силна одмазда во случај на напад, навестува можност за договор
-
Четворица убиени во пукотница во Њујорк, напаѓачот исто така е мртов
-
Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово
-
Без струја корисници на улиците „Иван Цанкар“, „Франц Прешерн“ и „Вангел Дину“ во Карпош
-
Во Нови Сад прифатена иницијатива за споменик на жртвите од падот на бетонската настрешница
-
Посвежо време со локални врнежи и максимална температура до 35 степени
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата